За нас

ФИТ ФЕМИЛИ е модерно студио за вежбање, слабеење, и здрав живот!
Под покровителство на „Powerfit„ од Холандија, Ви нудиме комплетна програма за вежбање и слабеење, но на здрав начин. Вие ќе бидете здрави, Вие ќе бидете ФИТ!  Нашиот стручен тим Ви нуди целосна поддршка за постигнување на Вашите цели. Но, ние не запираме тука, Ве поддржуваме и понатаму да ја задржите Вашата нова витка линија!


Нашите клиенти, освен индивидуалните вежби во ТФМ (термо-физички метод) кабините, добиваат и индивидуален план на исхрана. Воопшто не станува збор за диети! Во ФИТ ФЕМИЛИ заедно се стремиме кон правилна и здрава исхрана! По само 20 минути, најмалку два пати седмично вежбање во нашите кабини и со правилна и соодветна исхрана, со сигурност ќе ја доживеете својата максимална енергија и виталност, постигнувајќи ја Вашата посакувана цел и Вашата идеална тежина и фигура!

DSC_0083_1
DSC_0084_1
Термо-физички метод

Термо-физичкиот метод (ТФМ),  веќе  30 година наназад е најуспешен и најефикасен метод за слабеење на здрав и природен начин!


Во 2007 год. „Холандскиот Факултет за Човечка Исхрана„ во Вагенинген направи серија истражувања, преку повеќе методи за слабеење. По испитувањата, термо-физичкиот метод беше истакнат како најефикасен! Не само поради тоа што со сигурност се губат килограмите и се намалуваат сантиметрите во обем, туку и поради вонсериските ефекти и постигнатите успешни и долготрајни резултати!


Кабините, во кои што се вежба во лежечка позиција, се затоплени преку инфра црвена ламба (од 34 до 37 целзиусови степени). Поради топлината, се избегнуваат можни потешкотии во ‘рбетот и зглобовите, а температурата во кабината придонесува за побрзо согорување на маснотиите, поголема потрошувачка на енергија, подобар метаболизам и подобра крвна циркулација.


Во кабината се вградени четири ременчиња (две за рацете и две за нозете), кои нудат отпорност и овозможуваат различен интензитет на вежбите. После неколку тренинзи, планираните вежби го постигнуваат грандиозниот ефект на губење килограми, при што особено се затегнуваат деловите на телото каде што тоа е потребно. Поради ова, вежбањето во кабините е исклучително погодно и пријатно за клиенти кои сакаат да ослабат, да го дефинираат своето тело или да корегираат одредени делови од телото.


Клиентите кои што редовно ги користат ТФМ-кабините, успешно го корегираат своето тело, на одредени делови или во целост. Но, тие постигнуваат и многу повеќе…


  • Ефекти од термо-физичкиот метод
    • Слабеење преку индивидуална програма
    • Подобрена издржливост, подобар метаболизам и подобар проток на крвта
    • Подобрување на имунитетскиот систем и санирање на ревматски и зглобни потешкотии
    • Спречување и “лекување” на целулит
    • Регулирање на крвниот притисок
    • Опуштање од замор или стрес
    • Хомеостаза – психо-физички баланс
    • Општо чувство на благосостојба

    Дури и по третманите, горењето на калориите уште извесно време продолжува! Ова е таканаречен “after burn effect” или период на побрз метаболизам во мирување.


    Вежбањето во кабините и правилната исхрана, низ која што ќе Ве водиме и следиме заедно – е гаранција за Вашиот успех и постигнување на Вашата цел!


DSC_0135_1
slika4
Кардио фитнес

Доколку сакате и дополнително да ја подобрите Вашата издржливост и физичка кондиција, во ФИТ ФЕМИЛИ Ви нудиме и опција за кардио-фитнес!

DSC_0196_1
DSC_0150_1
Исхрана

Секако, за да го постигнете посакуваниот резултат, освен вежбањето, важен фактор е и исхраната која го храни Вашето тело! Во ФИТ ФЕМИЛИ целосно сме посветени да Ви помогнеме да ја постигнете Вашата цел! Освен индивидуалните тренинзи по термо-физичкиот метод, Ви помагаме и постепено да ги прилагодите Вашите навики за исхрана.


Не Ве измачуваме со исцрпувачки и тешки диети, туку заедно со Вас, работиме на долгорочно решение. На овој начин нема само да слабеете, туку и ќе можете и долготрајно да ја сочувате Вашата идеална тежина!

Пакети

Термо Физичка Метода

пакет 10 третмани 7.200 = 4.999 (МОМЕНТАЛНА ПРОМОЦИЈА) 
пакет 30 третмани 21.600

(добивате 2 часа кардио гратис)
пакет 50 третмани 36.000

(добивате 5 часа кардио гратис)

Кардио – Месечен пакет

1 месец 1.200

Антицелулитни третмани

10 антицелулитни третмани
cooling 2.190

Фамилијарен пакет

1 член:     фул цена
2 член:     20 % попуст
3 член:     30 % попуст
4 член:     50 % попуст

ТФМ ВО ГРУПА

Пријави се за ТФМ групен тренинг уште одма! Месечна членарина: 2000

Пријави сѐ на 02 3123 127.

Почетна група 1

Понеделник:
08.00 – 09.00
Среда:
08.00 – 09.00
Петок:
08.00 – 09.00

Почетна група 2

Понеделник:
18.00 – 19.00
Среда:
18.00 – 19.00
Петок:
18.00 – 19.00

Напредна група 3

Понеделник:
09.30 – 10.30
Среда:
09.30 – 10.30
Четврток:
08.30 – 09.30

Напредна група 4

Понеделник:
19.30 – 20.30
Среда:
19.30 – 20.30
Четврток:
19.30 – 20.30

Почетна група 5

Вторник:
19.00 – 20.00
Четврток:
18.30 – 19.30
Петок:
17.00 – 18.00

Вашиот одличен избор, кој Вас и Вашето семејство Ве води кон совршено тело, но и кон совршен психо-физички баланс на организмот во топ-форма.


Бидете здрави, бидете фит! Топ-формата е вистински хит!

Контакт
bridgewplk