ЗА НАС

ФИТ ФЕМИЛИ е модерно студио за вежбање, слабеење, и здрав живот!
Под покровителство на „Powerfit„ од Холандија, Ви нудиме комплетна програма за вежбање и слабеење, но на здрав начин. Вие ќе бидете здрави, Вие ќе бидете ФИТ!  Нашиот стручен тим Ви нуди целосна поддршка за постигнување на Вашите цели. Но, ние не запираме тука, Ве поддржуваме и понатаму да ја задржите Вашата нова витка линија!


Нашите клиенти, освен индивидуалните вежби во ТФМ (термо-физички метод) кабините, добиваат и индивидуален план на исхрана. Воопшто не станува збор за диети! Во ФИТ ФЕМИЛИ заедно се стремиме кон правилна и здрава исхрана! По само 20 минути, најмалку два пати седмично вежбање во нашите кабини и со правилна и соодветна исхрана, со сигурност ќе ја доживеете својата максимална енергија и виталност, постигнувајќи ја Вашата посакувана цел и Вашата идеална тежина и фигура!

DSC_0083_1
DSC_0084_1

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ ТИМ

Софка Муфишовска – Гигова

Основач и сопственик на Fit Family, цертифициран тренер од страна на Powerfit Холандија  по Термо Физичка Метода и сертифициран nutri-coach од страна на Powerslim Холандија.

Верува дека физичката активност е клуч кон здраво тело и здрав дух и секогаш е спремна да ве поттикне кон здрави навики и здрав животен стил!

Мартина Исаковска-Стојановска

Дипломиран физиотерапевт и тренер со исклучително познавање на придобивките од правилно изведување на вежбите.

Личност која секогаш успева да ве мотивира и поттикне : да вежбате, да внимавате во исхраната и да размислувате на долгорочните здраствени придобивки од физичката активност!

Драгана Тодорова

Дипломиран физиотерапевт и тренер кој своето знаење, техники и вештини ги користи за превенција и опоравување од повреди.

Своето долгогодишно искуство со спортисти го пренесува на вас, со врвни техники на вежбање!

ТЕРМО-ФИЗИЧКИ МЕТОД

Термо-физичкиот метод (ТФМ),  веќе  30 година наназад е најуспешен и најефикасен метод за слабеење на здрав и природен начин!


Во 2007 год. „Холандскиот Факултет за Човечка Исхрана„ во Вагенинген направи серија истражувања, преку повеќе методи за слабеење. По испитувањата, термо-физичкиот метод беше истакнат како најефикасен! Не само поради тоа што со сигурност се губат килограмите и се намалуваат сантиметрите во обем, туку и поради вонсериските ефекти и постигнатите успешни и долготрајни резултати!


Кабините, во кои што се вежба во лежечка позиција, се затоплени преку инфра црвена ламба (од 34 до 37 целзиусови степени). Поради топлината, се избегнуваат можни потешкотии во ‘рбетот и зглобовите, а температурата во кабината придонесува за побрзо согорување на маснотиите, поголема потрошувачка на енергија, подобар метаболизам и подобра крвна циркулација.


Во кабината се вградени четири ременчиња (две за рацете и две за нозете), кои нудат отпорност и овозможуваат различен интензитет на вежбите. После неколку тренинзи, планираните вежби го постигнуваат грандиозниот ефект на губење килограми, при што особено се затегнуваат деловите на телото каде што тоа е потребно. Поради ова, вежбањето во кабините е исклучително погодно и пријатно за клиенти кои сакаат да ослабат, да го дефинираат своето тело или да корегираат одредени делови од телото.


Клиентите кои што редовно ги користат ТФМ-кабините, успешно го корегираат своето тело, на одредени делови или во целост. Но, тие постигнуваат и многу повеќе…


Tfm-opsto-22
  • ЕФЕКТИ И ПРИДОБИВКИ ОД ТЕРМОФИЗИЧКИ МЕТОД И ИНФРАЦРВЕНА ЛАМБА

    • Слабеење
    • Подобрена издржливост
    • Побрзо работење на метаболизмот
    • Подобрување на проток на крвта
    • Регулирање на крвниот притисок
    • Подобрување на имунитетски систем
    • Намалување на ревматски и зглобни болки и потешкотии
    • Спречување и “лекување” на целулит
    • Опуштање од замор и стрес
    • Хомеостаза-психо-физички баланс
    • Општо чуство на благосостојба
    • Регенерација на колаген
    • ДетоксикацијаОпшто чувство на благосостојба

    Дури и по третманите, горењето на калориите уште извесно време продолжува! Ова е таканаречен “after burn effect” или период на побрз метаболизам во мирување.


    Вежбањето во кабините и правилната исхрана, низ која што ќе Ве водиме и следиме заедно – е гаранција за Вашиот успех и постигнување на Вашата цел!


Tfm-opsto-(3)
Tfm-opsto-(2)

КАРДИО ФИТНЕС

Кардио тренингот е одличен за подобрување на физичката издржливост.
Tренингот се составува од страна на тренерите според целта на постигнување и физичката состојба на клиентот.

Освен вежбање на кардио справите (трака за трчање, орбитрек, итн) кардио тренингот се комбинира со дополнителни вежби, како на пример пилатес и total body workout.

DSC_0135_1
slika4
Kardio fitnes

КОРЕКТИВНИ ВЕЖБИ

Вид  на вежби како дел од кинезитерапија ( медицинска дисциплина ) каде што го користиме движењето со цел да ублажиме болка; последици од патолошка состојба и корекција и превенција на деформитети.

Вежбите имаат акцент на подобрување на држење, баланс и координација на целото тело.


Програмата е индивидуална и се изведува исклучиво со стручен физиотерапевт кој е одговорен за индивидуално дозирање на вежби или физичка активност.


Вежбите се прилагодени според функционален статус, пол и години.

ИСХРАНА

Секако, за да го постигнете посакуваниот резултат, освен вежбањето, важен фактор е и исхраната која го храни Вашето тело! Во ФИТ ФЕМИЛИ целосно сме посветени да Ви помогнеме да ја постигнете Вашата цел! Освен индивидуалните тренинзи по термо-физичкиот метод, Ви помагаме и постепено да ги прилагодите Вашите навики за исхрана.


Не Ве измачуваме со исцрпувачки и тешки диети, туку заедно со Вас, работиме на долгорочно решение. На овој начин нема само да слабеете, туку и ќе можете и долготрајно да ја сочувате Вашата идеална тежина!

ishrana fit family (2)
ishrana fit family (1)

ЦЕНОВНИК

Пакети за вежбање

ТФМ индивидуален7500
ТФМ група2500
ТФМ тандем3000
ТФМ 1 тренинг
( индивидуален )
1000
ТФМ во групна 1 тренинг300
Кардио 2500
Утринско кардио2000
ТФМ пакет+кардио9500
ТФМ група+кардио4500
ТФМ тадем+кардио5000
Total body
( индивидуален 3 x неделно )
10000
Корективни вежби
3 x неделно900
2 x неделно800
1 x неделно
500
[table “online-paketi-za-vezbanje” not found /]

Исхрана

Персонален план за исхрана1000

МАСАЖИ

Ценовник масажи

30 мин. СЕГМЕНТАЛНА РЕЛАКС МАСАЖА800
60 мин. РЕЛАКС ЦЕЛО ТЕЛО МАСАЖА1300
30 мин. СЕГМЕНТАЛНА МЕДИЦИНСКА МАСАЖА900
60 мин. ЦЕЛО ТЕЛО МЕДИЦИНСКА МАСАЖА1500
45 мин. СПОРТСКА МАСАЖА1500
30 мин. АНТИЦЕЛУЛИТНА МАСАЖА500
10 X АНТИЦЕЛУЛИТНИ МАСАЖИ4000
Доплнителна техника во масажа
( ERGON IASTM, kinesio taping, myofascial release)
400
Примена на медицинска техника
( Ergon,kinesio taping,myofascial
release)
600
Доплата за секои дополнителни 15' масажа 300
masazi-(2)
masazi-(1)

MAKE A MOVE

Дадете си шанса да се ПОСВЕТИТЕ на нешто ново, континуирано и вистински да ЗАПОЧНЕТЕ нешто повеќе за ПОСТИГНУВАЊЕ на трајни резултати.

Ние ќе ве водиме ден за ден, 6 пати во неделата ✔

целосна видео снимка ✔

инструкции од физиотерапевт/персонален тренер✔

мотивација и едукација. ✔

🔸 30 дена ( една цена, доживотна едукација);
🔸 24 видео снимки ( целосни инструкции од физиотерапевт/персонален тренер);
🔸 10-45 минути/ден максимум;
🔸 Вежбаш кога сакаш и каде сакаш;
🔸 Добиваш личен физиотерапевт/персонален тренер;
🔸 Вежбањето е преку Zoom платформа;

Fit-family-rozovo-logo

Вашиот одличен избор, кој Вас и Вашето семејство Ве води кон совршено тело, но и кон совршен психо-физички баланс на организмот во топ-форма.


Бидете здрави, бидете фит! Топ-формата е вистински хит!

Контакт
bridgewplk