РЕЛАКС МАСАЖА

Релакс масажа претставува лесен и нежен стил на масажа наменет да ја подобри циркулацијата, како и движење на телото., Го намалува стресот и помага во ослободување на низок степен на болка во мускулатурата. Со релакс масажа се постигнува целокупна релаксација на телото.

МЕДИЦИНСКА МАСАЖА

Медицинска масажа претставува масажа со цел постигнување на одреден тераписки ефект и бенефит во зависност на состојбата на клиентот.. Се изведува со умерен интензитет и притисокот кој се нанесува е нешто измеѓу релакс и спортска масажа.

СПОРТСКА МАСАЖА

Спортска масажа претставува подлабинска масажа  со поголем интензитет на притисок каде се подобрува длабока циркулација на крв и лимфа во телото. Често опфаќа третирања на “trigger точки” во телото и  има како цел  зголемување на обемот на движење на одреден дел од тело.

Може да се користи пред или после спортска/физичка активност.

Нејзина најголема предност е нејзино користење со цел целосен опоравок од вежбање или физичка активност. Има позитивно дејство врз ФИЗИЧКО И ПСИХИЧКО ЗДРАВЈЕ.

ROYAL TREATMENT

Не постои нешто подобро од тоа да ве масираат во исто време двајца физиотерапевти. Ќе добиете двојна релаксација и ослободување од тензија.

АНТИЦЕЛУЛИТНА МАСАЖА

Антицелулитна масажа е најефикасна за ослободување од целулит. Со неа се постигнува разбивање на тврдокорни и меки наталожени масни наслаги, се враќа посакуваниот тонус на кожата и се подобрува циркулација на нозете.

Во текот на масажата се користи комбинација на антицелулитно масло + антицелулитен крем за дополнително разложување на мастите во телото.

Во нашето студио имате опција да добиете класични антицелулитни масажи или антицелулитни масажи + ERGON IASTM третман кој ќе го забрза вашиот посакан ефект на отстранување на целулитот.

Сите масажи се изведуваат од страна на дипломиран физиотерапевт со познавање на медицински патологии.

ERGON IASTM

Ова е терапевтски пристап каде што се комбинираат статички и динамички манипулации на меката структура на телото со специјални медицински алатки ERGON.
Алатките се аплицираат на специфични тригер точки на телото и имаат голем бенефит :

    • Се постигнува лимфна дренажа
    • Се подобрува длабинска циркулација
    • Се намалуваат отоци
    • Се намалува болка
    • Се третираат мускулоскелетни и спортски повреди
    • Го намалува спазмот на мускулатурата
    • Го подобрува држењето на телото
    • Ги снабдува ткивата со повеќе кислород
    • Зголемува еластицитет на кожа
    • Стимулира продукција на колаген
    • Стимулира anti-aging ефект

Со помош на алатките ERGON вршиме проверка на местото што треба да се третира, се припрема ткивото и се спроведува техниката ERGON. Оваа техника смее да ја спроведува исклучително само сертифициран ERGON терапевт.

masazi-(1)
masazi-(2)