Термо-физичкиот метод (ТФМ), веќе 30 година наназад е најуспешен и најефикасен метод за слабеење на здрав и природен начин!
Во 2007 год. „Холандскиот Факултет за Човечка Исхрана„ во Вагенинген направи серија истражувања, преку повеќе методи за слабеење. По испитувањата, термо-физичкиот метод беше истакнат како најефикасен! Не само поради тоа што со сигурност се губат килограмите и се намалуваат сантиметрите во обем, туку и поради вонсериските ефекти и постигнатите успешни и долготрајни резултати!
Кабините, во кои што се вежба во лежечка позиција, се затоплени преку инфра црвена ламба (од 34 до 37 целзиусови степени). Поради топлината, се избегнуваат можни потешкотии во ‘рбетот и зглобовите, а температурата во кабината придонесува за побрзо согорување на маснотиите, поголема потрошувачка на енергија, подобар метаболизам и подобра крвна циркулација.
Во кабината се вградени четири ременчиња (две за рацете и две за нозете), кои нудат отпорност и овозможуваат различен интензитет на вежбите. После неколку тренинзи, планираните вежби го постигнуваат грандиозниот ефект на губење килограми, при што особено се затегнуваат деловите на телото каде што тоа е потребно. Поради ова, вежбањето во кабините е исклучително погодно и пријатно за клиенти кои сакаат да ослабат, да го дефинираат своето тело или да корегираат одредени делови од телото.
Клиентите кои што редовно ги користат ТФМ-кабините, успешно го корегираат своето тело, на одредени делови или во целост. Но, тие постигнуваат и многу повеќе…
Ефекти од термо-физичкиот метод:
Слабеење преку индивидуална програма;
Подобрена издржливост, подобар метаболизам и подобар проток на крвта;
Подобрување на имунитетскиот систем и санирање на ревматски и зглобни потешкотии;
Спречување и “лекување” на целулит;
Регулирање на крвниот притисок;
Опуштање од замор или стрес;
Хомеостаза – психо-физички баланс;
Општо чувство на благосостојба.
Дури и по третманите, горењето на калориите уште извесно време продолжува! Ова е таканаречен “after burn effect” или период на побрз метаболизам во мирување.
Вежбањето во кабините и правилната исхрана, низ која што ќе Ве водиме и следиме заедно – е гаранција за Вашиот успех и постигнување на Вашата цел!