10 Фев [:mk]Првиот чекор е секогаш најтежок![:en]The first step is the hardest! [:]
[:mk]На сите ни е добро познат исказот: „Oд утре веќе не јадам, од утре сум на диета!“
Во ред… Но дали помисливте што е тоа што повеќе нема да јадете? Дали ќе гладувате цел ден, цела седмица, цел месец? А каква диета? Ги има премногу, со избор за сечиј вкус, но што потоа?
Поголем дел од праксата укажува дека ова се претежно празни ветувања и тоа спрема сами себе. Свесно или не, секое празно ветување од овој тип нè оддалечува се повеќе од реалноста и до постигнување на нашата цел за подобра и витка линија. Полека, но со сигурност ова не „убива од внатре“, а меѓувреме физички стануваме поистоштени дури и помрзливи, a (кило)грамите полека ни се таложат и ни тежат на грб, како полна вреќа со камења.
Зошто тогаш свесно го избираме нашето сопствено незадоволство?
Ние мислиме дека го имаме одговорот на ова прашање, а одговорот најчесто звучи: имам премногу работа, навистина неможам да се организирам, немам време да јадам, а камо ли да одам да вежбам, дома имам премногу обврски…ручек за децата, сите на прво место, па после јас…
Дали ви звучи познато?
Никој нè оспорува дека сте многу зафатени и дека имате премногу обврски. Кои сме па ние за да можеме да ви се спротивставиме на тоа? Но, битката која обично ја водиме со сами себе е да го превземеме првиот чекор! Тој не доаѓа преку ноќ, често се манифестира во одреден период и при одредени случувања, но кога ќе дојде, ќе се почувствувате како преродени! Велите: „Да, јас навистина сум многу зафатена, но од денес тоа што е битно сум ЈАС! Јас на прво место! Замислeте само, вие кога ќе се почувствувате позадоволни со сами себе, колку позадоволни ќе бидат и тие околу вас? Првиот чекор морате самите вие да го направите, да изберете за себе, за вашето здравје и за вашата фигура! Вие го заслужувате тоа!
Кога ќе бидете спремни за нови и здрави навики, нашиот тим ќе ви постане патоказот и поддршката до реализација! Заеднички и со сосема личен пристап, во зависност од тоа што сакате да постигнете, правиме план на исхрана и вежбање. Не заборавајте, „ Во здраво тело, здрав дух!“. Физичката активност и правилната исхрана се како „мастило и хартија“. Само со правилна комбинација од двете, можете да постигнете фантастични резултати! Вежбањето во Фит Фемили, со примена на термо-физичкиот метод се одвива само два пати неделно, во времетраење од 20 минути. Зарем не заслужувате барем толку време за себе?
Навистина не станува збор за тие краткорочни, исцрпувачки диети, каде што нагло ќе слабеете (а ќе полудувате од глад), а да не споменеме дека килограмите најверојатно ќе ги вратите во дупла мера – добро познатиот „јо-јо ефeкт”.
Не, најбитно за нас е вашето здравје, затоа се исклучуваат диети, а се вклучува здрава, балансирана и разноврсна исхрана. Начин на исхрана при кој што ќе се навикнете како правилно треба да се храните и секако на крај да знаете како да си ја задржите новата витка фигура! Почнуваме со еден нов животен стил, исполнет со нова енергија!
Направете го првиот чекор… најтежок е, да, но вреди… го правите за себе!
Се друго правиме заедно!
Бидете здрави, бидете фит!
Тимот на Фит Фемили[:en]It all sound too familiar; “starting from tomorrow I am not eating anymore, as of tomorrow I am on a diet!” Alright…but have you really thought this through? What is it that you won’t eat anymore? Will you starve a whole day, a whole week or a whole month? And what kind of diet? There are plenty of choices really, enough to fit all desires. However, what will happen after the diet?
Practice shows that these promises, in most cases, turn out to be empty ones; empty promises made towards ourselves. Whether we are aware of it or not, every empty promise pushes us further away from reality and most important of all pushes us further away from accomplishing our goal in achieving an improved and fit figure! Slowly but surely this will be “killing us from inside” while in the meantime physically we are becoming more exhausted and lazy, whilst the (kilo) grams will slowly add up, weighing heavy on our shoulders, like a bag full of stones. Why then do we, in our full awareness, choose our personal dissatisfaction?
We think we have the answer to this question; “I have too much work to do”, “I really can’t organize myself”, “I don’t have time to eat, let alone go to the gym”, “at home I have too many obligations…I have to make dinner for the kids…” seems like “everyone comes first, and then in the end myself!” Does this sound familiar?
No one disputes that you are on a busy schedule with many obligations. In the end who are we to argue against this? Nevertheless, the struggle we are usually fighting with ourselves is to take the first step! The first step doesn’t come overnight; usually it’s a process of a certain period of time and through several events, but when it comes you will feel like you are relived! It’s time to say…”Yes, I do have many obligations but as of today, that which is important is I!” I will put myself first! Just imagine, how much happier and fulfilled you will feel about yourself and imagine how much more satisfied the people around you will be! You must take the first step by yourself, to choose for yourself, for your well being and for your body! You deserve it!
When you will be ready for new, healthy practices our team will lead the way and will support you throughout! Together and with a complete individual approach, depending on what it is that you desire to achieve, we will put together an individual nutrition plan as well as an individual exercise plan! Remember, “Healthy body, healthy mind!” Physical exercise and proper nutrition are like pen and paper; only in the right combination you can achieve the most extraordinary results!
Exercising in Fit family, by means of the Thermo Physical Method, should be conducted only two times a week for only twenty minutes! Don’t you deserve at least that little time for yourself?
By no means do we give practice to fast and short-term diets, by the use of these kinds of diets, you will indeed lose weight fast (but feel hungry all the time) and let’s not forget that after the end of the diet you will most likely put back the lost kilograms and practice shows that they will even double; the famous so called “yo-yo effect!”
No, the thing that matters to us most is your health and wellbeing; that is why we exclude fast dieting. We focus on a healthy and balanced diet! This will show you how to properly nourish yourself and in the end you will have truly learned how to maintain your new fit figure! Let’s start a new lifestyle filled with lots of new energy!
Make the first step…yes, it is the most difficult one, but it is one worth it! You are doing it for yourself!
Every other step we will take together!
Be healthy, be fit!
The team of Fit Family[:]