11 Апр [:mk]Во здраво тело, здрав дух: 3 месеци термофизичка метода со Fit Family[:]
[:mk]
Fit Family не е само уште едно фит студио во Македонија. Тоа е студио каде што тренерите им се целосно посветени на клиентите, не само во поглед на вежбањето и исхраната, туку и на целoсниот начин на водење здрав живот. Она што навистина ми се допаѓа во Fit Family е свесноста дека не постои еден калап за сите. Баш напротив, со секој клиент се работи индивидуално, се креира програма за вежбање според неговите потреби, пропратено со план за исхрана.
Повикот за соработка со едно професионално студио како Fit Family претставува чест. Додека разговарав со една од сопственичките на студиото, поточно Софка Муфишовска, сфатив дека мојот концепт за здрав живот и правилна исхрана целосно се совпаѓа со оној на Fit Family.
Во студиото има 4 кабини за вежбање со термофизичката метода. Во кабината се вежба во лежечка положба со помош на четири вградени ременчиња кои овозможуваат поголема отпорност и интензитет за време на вежбањето. Кабината е стоплена со инфра црвена лампа, чија топлина поттикнува побрзо согорување на маснотиите.
Овој пост не би бил целосен доколку го изоставам моето воодушевување кон просторот и прекрасните услови кои им се пружени на клиентите за време на вежбањето, како и по него. Покрај прекрасниот простор за вежбање, клиентите имаат на располагање одлично опремени туш кабини, соблекувални, и lounge простор каде можат да се одморат, напијат чај, да прочитаат некое списание или пак да си помуабетат меѓусебно или со своите тренери.
Следете го мојот фит дневник со Fit Family преку хаштаговите #3МесециТФМ, #fitfamilymk и #feelfitbefit на социјалните мрежи facebook и instagram.
Не дозволувајте маснотиите да се наталожат за да почнете со вежбање. Вежбањето не е резервирано само за оние кои сакаат да го изгубат вишокот на килограми, туку е и за сите оние кои сакаат да го оформат своето тело, да го подобрат метаболизмот, како и работата на срцето. Во здраво тело, здрав дух!
Јелена
Оваа статија ја пренесуваме во целост од блогот на Јелена.[:]