[:mk]Majestic by Alex: 6 MONTH CHALLENGE WITH FIT FAMILY[:]

22 Дек [:mk]Majestic by Alex: 6 MONTH CHALLENGE WITH FIT FAMILY[:]

[:mk]

Оваа статија ја пренесуваме во целост од блогот на Александра од Majestic by Alex.

Си ветив дека ќе бидам малце поискрена со луѓето што го следат мојот блог. Оваа отвореност има цел, барем за мене. Се почнува од тоа дека живееме во време каде луѓето се затвораат во себе и емоционалната интелегенција малце згаснува. Заборавивме на насмевките, на позитивната енергија, и стануваме дел од епидемија на лошо расположени луѓе. Ова се повеќе се изразува и не можам да кажам дека мене ме прескокна. Ми требаа добри 7 месеци да станам и да се изборам против ова.

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

Како се започна? Бев во потрага по место каде покрај физичкиот изглед, ќе работам и на мојот психички дел. Ги прецртав класичните теретани, затоа решив да пробам нешто поиндивидуално и дојдов во пресрет со Fit Family. Закажав консултација. Не бев толку возбудена, морам да признаам. Ми беше сеедно, бидејќи и претходно бев спортски активна, и не очекував кој знае што.

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

За луѓето што ме знаат, знаат дека верувам во енергија.  Зашто го кажувам ова? Токму поради мојата прва консултација, после која си отидов превозбудена. Во Fit Family ја пронајдов онаа топлина и позитивна енергија,тим кој е посветен на своите клиенти, кои покрај тоа што вежбаат, таму може да испијат чај, да прочитаат добра книга или списание. Потполна хармонија.

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

Делот што највеќе ми се допадна е посветеноста, и начинот на кој допираат подлабоко до клиентот преку три нивоа. Покрај вежбање со термо-физички метод, и кардио, голем дел од времето посветуваат на исхранта, и резулатите, кои константно се следат во дневник, и се регулираат преку консулатција co стручни лица.

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

извор: majesticbyalex.com

Јас си ветив позитивни промени, и тоа го забележувам уште од самиот почеток, и сакав да го споделам со вас. Си ветив 6 Month Challenge with Fit Family, кој покрај во дневникот во Fit Family, ќе го споделувам на мојот блог заедно со вас!

Во следниот блог ќе ви раскажам повеќе!

#6MonthChallengeWithFitFamily[:]